Алајанс Уан

АД Алајанс Уан Македонија Кавадарци

Реализирана

Вредност на инвестиција

Најавени

10.000.000 евра

Инвестирани

3.180.161 евра

Вработувања

Најавени

150

вработени

550

Фабриката за обработка на тутун на компанијата „Алајанс Уан Македонија“ во Кавадарци е отворена во 2011 година. Таа е изградена од македонската компанија „ИГМ Трејд“ и е дадена под закуп на „Алајанс Уан“.

Во говорот на тогашниот премиер Груевски во 2012 година фирмата се спомнува во делот на инвестициите, каде што се наведува дека таа е вредна 10 милиони евра и оти вработува 150 лица. 

Ова е една од компаниите коишто го натфрлија бројот на нови отворени работни места. Од најавени 150, заклучно со крајот на 2015 година, според податоците од Централниот регистар, имало 394 вработени.

Во 2016 година, бројката на вработени се зголемува на 550. 

Инаку, оваа инвестиција прв пат е регистрирана во Македонија во 1998 година, кога холандската компанија „Интабекс“ со основачки влог од 2,33 милиони евра ја регистрира компанијата „Југотутун“ која подоцна се преименува во „Дајмон МД“. Во октомври 2010 година компанијата се преименува во „Алајанс Уан Македонија“, а вкупниот основачки влог до крајот на 2015 година достигнува 4,28 милиони евра. Вкупната актива пак, изнесува 30,9 милиони евра, од кои 3,37 милиони евра се нетековни средства. Во 2016 година, нетековните средства изнесуваат 3,18 милиони евра. 

Во 2015 година „Алајанс Уан Македонија“ направила приходи од 26,07 милиони евра што е 12,1% повеќе отколку во 2014 година, додека пак, добивката изнесува 2,6 милиони евра и е зголемена за 73%.

„Алајанс Уан Интернешнл“ е меѓу водечките глобални компании снабдувачи на тутун за големите производители на цигари. Компанијата е формирана на 13 мај 2015 година, како резултат на спојување на компаниите „Дајмон“ и „Стандард Комершл Корпорејшн“.

Последно ажурирање: 15 септември 2017 год.

Датум на најава

јули 2011 год.

Државна помош

Местоположба

Земја на потекло

Инвестиции на истата локација

Преземете податоци