Буци и Буци

Дан Инноватион ДООЕЛ Прилеп

Реализирана

Вредност на инвестиција

Најавени

300.000 евра

Инвестирани

17.705 евра

Вработувања

Најавени

20

вработени

9

Италијанска компанија за ламби „Буци и Буци“ објави дека ќе инвестира во Прилеп во март 2015 година. Почетната инвестиција, според најавите, е 300.000 евра со 20 вработувања.

Претставници на компанијата тогаш имаа работна средба со градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, на којашто ги соопштија своите планови.

„Досега имаме фабрики во Шангај, Дубаи, Њујорк и во Италија, а сега отворивме погон во Прилеп. Одлучивме да дојдеме во Македонија на предлог на други странски инвеститори кои инвестирале во Прилеп, кои ни кажаа дека тука има поволна бизнис клима. Произведуваме расветни тела за модните брендови како Версаче, Армани, Бенетон и други. Ова во Прилеп ќе биде прва фаза на производство“, изјави Дарио Буци од оваа компанија и додаде дека во Прилеп компанијата е отворена под називот „Дан Иновејшн“.

Податоците за 2015 година од Централниот регистар говорат дека нетековните средства на оваа фирма изнесуваат околу 21 илјада евра, а во фирмата во 2015 и во 2016 година имало 9 вработени лица. Во 2016 година нетековните средства на компанијата се намалуваат на околу 18 илјади евра. 

Последно ажурирање: 23 јануари 2018 год.

Датум на најава

март 2015 год.

Државна помош

Местоположба

Земја на потекло

Инвестиции на истата локација

Преземете податоци