Цераметал

Цераметал ДОО Битола

Во тек
Нецелосни податоци

Вредност на инвестиција

Најавени

12.000.000 евра

Инвестирани

нема податок

Вработувања

Најавени

600

вработени

нема податок

На државниот празник 11 Октомври 2016, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски преку неговиот фејсбук-профил ја најави странската инвестиција на грчката компанија „Цераметал“.

Тој објави дека компанијата од Атина ќе гради фабрика во Жабени, битолско и дека таму ќе произведува метални конструкции и материјали за заварување што се користат во енергетскиот и во градежниот сектор. Груевски образложи дека во првата фаза ќе се ангажираат околу 150 вработени и ќе се вложат пет милиони евра, дека проектот ќе се заокружи со вработување на „600 луѓе кои се без работа“ и со инвестиција од 12 милиони евра.

Компанијата веќе купила земјиште во индустриската зона од 45.000 квадрати.

„Ова ќе биде значаен поттик за економијата, но и ќе овозможи нови вработувања во Битола и битолско“, напиша Груевски на Фејсбук.

Министерот за странски инвестиции Џери Наумоф за Телевизија НОВА изјави дека производите на оваа грчка компанија ќе се извезуваат најмногу на германскиот пазар, дури 40 отсто од нив, додека ќе има извоз и во Шпанија, Канада, Бразил, Јапонија и во други држави.

Грчката компанија во 2016 отворила фирма во Битола под името „Цераметал“, меѓутоа со оглед дека нема завршна сметка за оваа година, немаме ниту официјални податоци за вложувањата и за бројот на вработени во овој кус временски период по објавувањето на инвестицијата.

Последно ажурирање: 04 април 2017 год.

Датум на најава

октомври 2016 год.

Државна помош

Местоположба

Земја на потекло