Делфај

Делфи електроникс системс Македонија ДООЕЛ Скопје

Во тек

Вредност на инвестиција

Најавени

15.000.000 евра

Инвестирани

0 евра

Вработувања

Најавени

500

вработени

163

Американската компанија „Делфај“ или официјално „Делфи електроник системс“ на крајот на 2015 година одлучи  да инвестира во Македонија и потпиша договор со Владата.

„Делфај“ ќе ги користи погонот и магацинот на „Вистеон електроникс“, која заминува од Бунарџик на крајот од 2016 година.

Најавено е компанијата да почне со работа во текот на 2016 година во ТИРЗ Скопје 1 (Бунарџик), во првата фаза да инвестира 15 милиони евра и да отвори 500 работни места. 

На крајот од 2015 година за која има официјални податоци, нетековните средства на оваа компанија биле нула  и тоа е разбирливо со оглед дека фирмата сѐ уште се подготвувала да инвестира, додека на крајот од 2016 оваа компанија имала ангажирано 163 работници.

„Делфај“ е една од петнаесетте најголеми компании во светот за електронски компоненти за автомобили.

Последно ажурирање: 04 април 2017 год.

Преземете податоци