Џонсон Мети

Џонсон Мети ДООЕЛ Скопје

Реализирана

Вредност на инвестиција

Најавени

145.000.000 евра

Инвестирани

99.153.631 евра

Вработувања

Најавени

650

вработени

681

Британската компанија која што произведува катализатори, „Џонсон Мети“, ја отвори својата прва фабрика во зоната Скопје 1, Бунарџик во 2010 година, а беше најавена уште во 2007 година.

Во потпишаниот Меморандум со Владата беше предвидено производството да започне во 2009 година. 

По одлуката на Бордот на „Џонсон Мети“ и официјално е соопштено дека инвестицијата ќе биде 100 милиони фунти или околу 150 милиони евра, дека ќе трае три години, во првата година ќе вработи околу 300, а до крајот на инвестицијата околу 600 работници.

Во 2013 компанијата отвори нов производствен погон во ТИРЗ Скопје 1.  Во 2015 таа е добитник на средства од буџетот на Македонија во вид на државна помош, што е наведено во годишниот извештај на Комисијата за заштита од конкуренција, но не е познато за колкава сума станува збор.

Според податоците на Дирекцијата за ТИРЗ, Џонсон Мети во фабриките во Македонија инвестирале 145 милиони евра. Од ветени 650 работни места, до крајот на 2015 година, според податоците од Централниот регистар, во компанијата се вработени 613 луѓе. Веќе во 2016 година, бројот на работници се искачува на 681 луѓе.  

Сопственик на фабриките во Македонија е „Џонсон Мети инвестментс лимитед“ , компанија со седиште во Лондон, Велика Британија. Основачкиот влог на компанијата, како што покажуваат податоците од Регистарот на странски директни инвестиции изнесува 190 милиони евра. Вкупната актива на компанијата до 2015 година изнесува 577 милиони евра, од кои над 99 милиони евра се нетековни средства.

„Џонсон Мети“ е најголема компанија во земјава, и меѓу домашните и меѓу странските фирми, со обрт од 1,2 милијарди евра лани. Приходите на компанијата за една година пораснале за 28,3%, додека пак добивката за 2015 година изнесува 91,4 милиони евра, што е 63% повеќе од 2014 година. Во исто време, „Џонсон Мети“ е и најголем извозник од Македонија бидејќи продава четвртина од се што Македонија извезува на странските пазари.

Последно ажурирање: 04 април 2017 год.

Преземете податоци