ГЕС

Герман Електро Механтроникс ДОО Скопје

Во тек

Вредност на инвестиција

Најавени

15.000.000 евра

Инвестирани

16.344 евра

Вработувања

Најавени

200

вработени

7

Договорот е потпишан во јануари 2016 година, како нова германска инвестиција, меѓу претставникот на компанијата Ахмед Елшаер, тогашниот премиер Никола Груевски, министерот за привлекување странски инвестиции, Бил Павлевски, и вицепремиерот Владимир Пешевски.

Најавено беше дека компанијата ќе инвестира 15 милиони евра во изградба на производствен погон и административна зграда кои ќе се протегаат на површина од 15.000 метри квадратни во ТИРЗ Бунарџик, а ќе се произведуваат соларни панели и лед-светилки со врвна германска технологија која компанијата сега ја применува во нивниот производствен погон во Југоисточна Кина. Најавено беше и дека новата инвестиција ќе донесе 200 нови вработувања. 

Нетековните средства на фирмата, според документите од Централниот регистар, за 2015 година изнесуваат околу 16 илјади евра, а фирмата имала 5 вработени до крајот на 2015 година и 7 вработени заклучно со ноември 2016 година.

Инаку, планирано беше изградбата на фабриката да започне кон крајот на февруари или најдоцна на почетокот на март 2016 и да биде готова за шест до осум месеци (односно најдоцна до октомври 2016), а производството требаше да почне при крајот на истата година. Во мај 2016, директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Виктор Мизо, изјави дека таа веќе се гради.

Фирмата е отворена уште во 2014 година, а влогот е 2.500 евра со учество во постојно друштво од страна на Ајман Мохамед Мохамед Мостафа, а уште 2.500 евра учество од Ахмед Абдалла Мохамед Елсхаер.

БИРН ја истражуваше оваа компанија и дојде до податоци дека не станува збор за германска, туку за египетска инвестиција. 

Ако се погледне веб-страницата на GES, може да се прочита дека нивното претставништво е во Дизелдорф, Германија, но нема никакви податоци за основачите на компанијата, ниту адреса ниту пак, контакт телефон.

Како продажна канцеларија на официјалната веб-страница е наведена единствено Македонија, а како контакт има само македонски број од мобилен телефон.

Истражувајќи заедно со германски новинари кои беа во седиштето на компанијата близу Дизелдорф, наидовме на податоци дека станува збор за таканаречена „Летербокс компанија“, бидејќи на местото што е наведено како седиште, нема ништо друго, освен поштенско сандаче со името на ГЕС. Седиштето на компанијата се наоѓа на улицата „Санд 18“ во Ратинген, Германија. Ако се пребара оваа локација на Гугл, лесно може да се види дека станува збор за мал објект во близина на рампа од железничка пруга, а истото го евидентираа и германските новинари на терен.

Последно ажурирање: 04 април 2017 год.

Преземете податоци