Глобал Роуд Технолоџи

Глобал Роуд Технолоџи

Нереализирана

Вредност на инвестиција

Најавени

1.000.000 евра

Инвестирани

0 евра

Вработувања

Најавени

50

вработени

0

Во декември 2014 година австралиската компанија, „Глобал Роуд Технолоџи“ прв пат најави дека има план да отвори фабрика во земјава. Станува збор за мултинационална компанија  што создава иновативни решенија за стабилизирање на почвата и брза градба на автопати.

Mенаџерите на австралиската „Глобал Роуд Технолоџи“ одлуката да инвестираат во земјава уште во 2014 година им ја соопштиле на владините министри.

Дел од своите планови за инвестицијата застапникот на компанијата во Македонија, Петер Ристевски, ги откри во интервју за Македонската телевизија (МТВ).

Плановите, како што објави МТВ, беа првично да се вработат околу 50 работници, инвестицијата да чини околу милион евра, а фабриката овде да ја користат како база за покривање на регионалниот и на пазарите во Европската унија.

„База за Европа, за австралиски компании - Македонија е најдобра дестинација за тоа. Мислам дека по оваа компанија, ќе дојдат многу други компании од Австралија“, изјави за МТВ застапникот на компанијата, Петер Ристевски.

Тој тогаш потврди дека претставници на компанијата веќе имале средба со надлежните институции и дека бараат локација за изградба на новиот капацитет.

„Бевме во Прилеп да избереме локација за фабриката, во јужниот дел на Македонија ни одговара најмногу, бидејќи е блиску до Солун, од каде што може да се носат производите и секако на тој регион му требаат повеќе работни места“, изјави Ристевски.

За добрата бизнис клима во Македонија слушнале од економските промотори.

„Се сложивме да се вратиме за еден месец, да одредиме локација, да потпишеме меморандум за соработка и се надевам дека ќе биде во јужниот дел во Битола, што е близу до Солун“, изјави Петар Ристевски.

Според Ристевски, оваа инвестиција требаше да го заживее јужниот дел на земјава.

„Климата во Македонија е одлична, инфлацијата не е многу голема, услугите се најдобри во светот да бидеме искрени, Владата е транспарентна, ќе ги донесеме сите овие странски инвеститори со таквите услуги што ги имате во слободните економски зони“, изјави Ристевски.

Досега оваа компанија не ги оствари плановите во Македонија.

 

Последно ажурирање: 24 ноември 2022 год.

Датум на најава

октомври 2014 год.

Државна помош

Местоположба

Индустрија

Земја на потекло

Инвестиции на истата локација