Ки Сејфти Системс

Ки Сејфти Системс Македонија ДООЕЛ Кичево

Реализирана

Вредност на инвестиција

Најавени

15.000.000 евра

Инвестирани

10.256.382 евра

Вработувања

Најавени

1.000

вработени

710

Американската компанија „Ки Сејфти Системс“ која се занимава со производство на воздушни перничиња почнала со производство во фабриката во слободната економска зона во Кичево во март 2016 година. Претходните две години, компанијата работела во постоен објект во Кичево како браунфилд инвестиција, а со почетна инвестиција од 20 милиони долари ја почнала изградбата на фабрика во зоната во Кичево.

Во почетната фаза на инвестицијата, според најавите од Владата, ќе се произведуваат воздушни перничиња и ќе се креираат 1.000 нови работни места. Големината на инвестицијата, според официјалната веб-страница на ТИРЗ е 15 милиони евра.

До крајот на 2015 година, според податоците од Централниот регистар, вработени биле 83 лица, а нетековните средства на компанијата изнесувале 10,2 милиони евра. Пред крајот на 2016 година, пак, бројката на вработени се зголемила за повеќе од 8 пати и во фирмата имало вработени 710 лица. 

„Во новиот производствен капацитет годишно ќе се произведуваат три милиони воздушни перничиња за автомобили и се очекува годишен извоз од 70 милиони евра“, стои во најавата за инвестицијата.

Според Службен весник од 2014 година, на „Ки Сејфти Системс“ им било дадено земјиште кон крајот на 2014 во Кичево со право на користење од 95 години, по 0,1 евро од метар квадратен, односно 4.215 евра за една година.

Со одлука на Влада од февруари 2015 оваа  фирма  добива и државна помош меѓу кои е и грант за 2015  и 2016 за отворање работни места. Државната помош опфаќа и:   

  •  Ослободување на плаќање данок на добивка за 10 години;
  • Ослободување од плаќање персонален данок на доход на платите на вработените за 10 години;
  • Ослободување од плаќање ДДВ на увозот под услов да не е наменет за крајна потрошувачка;
  • Царински ослободувања и олеснувања;
  • Ослободување од плаќање надоместок за уредување на градежното земјиште;
  • Ослободување од обврска за поднесување гаранција како инструмент за обезбедување царински долг;
  • Грант во готовина за покривање на учество во трошоците за изградба на објектите на подрачјето.

Во 2014 година „Ки Сејфти Системс Македонија“ имала основачки влог од 5 илјади евра, а во 2016 година основачкиот влог достигнува до 6 милиони евра.

Медиумите објавија  дека World Bank IFC, членка на групацијата Светска банка, дала заем на „Ки Сејфти Системс“ од 8 милиони евра за да ја изгради фабриката во Македонија.

Иако во Македонија е најавена како американска инвестиција, податоците од Централниот регистар говорат дека сопственик на фирмата е компанија од Луксембург, „Ки Сејфти Системс Луксембург“ С.а.р.л, а директори се Метју Чарлс Кон и Ралф Каспари.

Според податоците на Шангајската берза, американската компанија „Ки сејфти системс“ ќе биде купена од кинеската автомобилска компанија „Нингбо Џојсон Електроник“, објави порталот Плусинфо.

Последно ажурирање: 04 април 2017 год.

Датум на најава

април 2014 год.

Државна помош

Местоположба

Земја на потекло

Инвестиции на истата локација

Преземете податоци