Космик девелопмент

Космик девелопмент ДОО Скопје

Реализирана
Нецелосни податоци

Вредност на инвестиција

Најавени

нема податок

Инвестирани

57.210 евра

Вработувања

Најавени

120

вработени

80

Почнува нова страница во живеењето на Општина Битола, вака на сајтот на оваа локална заедница во октомври 2013 била најавена инвестицијата на канадската ИТ - компанија, „Космик девелопмент“.

Тогаш на промоцијата во Битола, покрај министерот за странски инвестиции Џери Наумоф, присуствувал и градоначалникот Владимир Талески.

„Космик девелопмент“ е фирма која работи во Скопје уште од 2011, изработува софтвер и нејзини сопственици се група млади бизнисмени и истражувачи со македонско потекло, кои живеат на северноамериканскиот континент.

Како што информира сајтот на општината, фирмата најавувала нови 50 вработувања во Битола, покрај тогашните 70 што биле ангажирани во скопската канцеларија на „Космик девелопмент“.

За да се реализира новата инвестиција, Талевски ветил дека општината ќе ѝ обезбеди простории на фирмата, додека Наумоф изјавил оти канцелариите ќе бидат изградени во стилот на оние на Гугл.

„По еден прекрасен состанок со градоначалникот и со деканот на техничкиот факултет убеден сум дека ова е правото место за нас да инвестираме“, изјави тогаш Рајан Мајлнис, еден од сопствениците на „Космик девелопмент“. 

Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ за изборите во 2016, наречна „Реално“, пак, стои дека оваа компанија во двете канцеларии во Скопје и во Битола вработила 80 лица, толку се и според податоците на БИРН, додека во 2015 оваа бројка изнесувала 60 работници.

Нетековните средства на компанијата, според документите од 2015, изнесуваат нешто под 60.000 евра. Освен тоа што Општина Битола им обезбедила канцеларија, нема информација за друг вид на државна или општинска помош за оваа компанија.

Според најавите оваа компанија треба да работи ИТ-аутсорсинг и да изработува софтвер, додека во Македонија има регистрирана дејност - „Интернет портали“.

По објавувањето на базата, реагираше менаџментот на „Космик дивелопмент“ поради податокот во нашиот текст, дека компанијата има државна имош. Податокот го влечеме од изјавата на градоначалникот Владимир Талески, објавена на сајтот на државната новинска агенција МИА, што е објавено и на сајтот на општината.

Талевски таму вели дека „општината ќе го обезбеди просторот каде ќе биде лоцирана идната компанија, за да овозможиме најдобри услови за работа“.

„Би сакале да ве информираме дека компанијата е основана на почетокот на 2011 година, директно од сопствениците Крис Павловски и Рајан Милнес, без никаква помош и бенефиции од државата. Од тогаш до денес, компанијата нема примено помош од државата, ниту, пак, користела било каква бенефиција“, демантира менаџментот на компанијата.

Последно ажурирање: 04 април 2017 год.

Датум на најава

октомври 2013 год.

Државна помош

Местоположба

Земја на потекло

Преземете податоци