Лимак

Лимак ДОО Скопје

Во тек

Вредност на инвестиција

Најавени

250.000.000 евра

Инвестирани

7.546.470 евра

Вработувања

Најавени

2.500

вработени

20

Турската компанија „Лимак“ уште во февруари 2012 година купи градежно земјиште кај Старата железничка станица наменето за изградба на хотели, деловни и трговски центри и угостителски објекти. Оваа атрактивна градежна парцела со површина од 31.929 метри квадратни, турските инвеститори ја добија за околу 3,2 милиони евра. Тоа значи дека тие го добија земјиштето за 300 денари повисока цена од првично понудената која изнесуваше 6.000 денари за квадрат.

Меѓутоа, пред да ја реализираа најавената инвестиција, тие се обврзаа да изградат подземна сообраќајница. При потпишувањето на договорот, пред четири години, градоначалникот на Скопје Коце Трајановски беше дециден дека Турците треба прво да ја изградат подземната сообраќајница.

„Во договорот инвеститорот се обврзува додека не го изгради булеварот да не може да гради ниту една од содржините над него. Тоа значи дека хотелите, трговските центри, зградите ќе почнат да се градат дури откако булеварот ќе биде готов. Новата сообраќајница ќе биде 6 метри под земја, ќе биде долга 800 метри и ќе има по три сообраќајни ленти во секој правец“, изјави за медиумите градоначалникот Трајановски по потпишувањето на договорот.

По четири години пауза, и рокот од една година да почне изградбата кој што истече уште во 2013 година, во 2016 година турската фирма повторно ја актуелизираше инвестицијата во Македонија и објави дека ќе изгради комплекс вреден 250 милиони евра.

Според најавите, комплексот предвидува четири 20-катни згради со околу 1.000 станови, шопинг мол, казино, деловен простор, центар за простор за културни активности, паркинг. Од менаџментот на компанијата изјавија дека во текот на изградбата месечно ќе бидат ангажираат по 700 лица, а по завршувањето во комплексот постојано ќе бидат вработени од 2.000 до 2.500 луѓе.

Целосната реализација на проектот чиј старт се очекува на почетокот на 2017 година треба да заврши за  2 и пол до три години. Согласно договорот со властите, постоечката зграда на Музејот на Град Скопје нема да се наруши и стилски ќе биде вградена во комплексот.

Турските инвеститори отвориле две фирми во Македонија уште во март 2013 година - „Лимак“ АД за градба индустрија и трговија Подружница во Скопје и „Лимак“ ДОО Скопје.

„Лимак“ ДОО Скопје заклучно со 2015 година има вкупна актива од 9,24 милиони евра од кои 6,6 милиони евра се нетековни средства. Во оваа компанија имало само 3 евидентирани вработени, а во 2016 година бројот на вработени се зголемува на 20 лица. 

Втората компанија, „Лимак Подружница Скопје“ пак до 2015 година имала вкупна актива од 2,9 милиони евра од кои речиси еден милион евра нетековни средства. Во оваа фирма се евидентирани 2 вработени во 2015, додека во 2016 година нема ниту едно вработено лице. 

Освен градежништво „Лимак“ има инвестиции во хотелиерство, енергетика, туризмот. Го гради новиот аеродром во Истанбул кој треба да биде најголем во светот.

Компанијата „Лимак холдинг“ е еден од најголемите инвеститори во Турција, која постои од 1976 година.

Последно ажурирање: 04 април 2017 год.

Преземете податоци