Макдиа

Макдиа ДОО Илинден

Реализирана

Вредност на инвестиција

Најавени

10.000.000 евра

Инвестирани

2.176.291 евра

Вработувања

Најавени

200

вработени

17

Инвестицијата на италијанската компанија „Дијатек“, специјализирана за дигитално печатење, е најавена на 6 април 2014 година, три недели пред предвремените парламентарни избори.

Влезот на „Дијатек“ во Македонија го најави директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо, кој  прецизира дека договорите со компанијата ќе се потпишат по завршувањето на изборите. Една година подоцна, во септември 2015, Дијатек ја отвори фабриката „Макдиа“ во Македонија.

„Макдиа“ произведува производи за печатарската и текстилната индустрија, а најголем дел од производството треба да биде наменето за извоз, пред сѐ на пазарите на Источна Европа, Турција, Персискиот Залив  и Северна Африка.

„Фабриката е лоцирана во технолошко-индустриската развојна зона Бунарџик и во неа веќе се вработени 35 лица, а се очекува бројот на вработени да се зголеми на 200. Вкупната инвестиција се проценува на околу 10 милиони евра“, пишува на веб страницата на Владата.

Податоците од Централниот регистар говорат дека до крајот на 2015 година во „Макдиа“ биле вработени 9 лица, а не 35, како што пишува на веб страницата на Владата. Пред крајот на 2016 година, пак, бројот на вработени се зголемил на 17. 

„Макдиа“ има решение за доделување државна помош за креирање работни места за пет години -  2015, 2016, 2017, 2018, 2019 година. Иако на веб страницата на Владата стои дека фирмата ќе вработи 200 лица, во самото решение за државна помош, стои бројка што заборавиле да ја избришат, дека „Макдиа“ треба да вработи минимум 101 граѓанин најдоцна до 31 декември 2019.

Во решението на Комисијата за заштита од конкуренцијата за давање државна помош на „Макдиа“ стои дека фирмата добива помош во пари за 8 ставки:

  • Ослободување од плаќање данок на добивка за 10 години;
  • Ослободување од плаќање персонален данок на доход на платите на вработените за 10 години;
  • Ослободување од плаќање ДДВ на увозот, под услов да не е наменет за крајна потрошувачка;
  • Царински ослободувања и олеснувања;
  • Ослободување од плаќање надоместок за уредување на градежното земјиште;
  • Ослободување од обврска за поднесување гаранција како инструмент за обезбедување царински долг;
  • Грант во готовина за покривање на учество во трошоците за изградба на објектите на подрачјето;
  • Грант во готовина за креирање нови работни места (дури и бројот на работни места е обележан со XXX).

Досегашниот сопственик на „Макдиа“ во Македонија, Диего Мосна, на 15 февруари 2016 е избришан како сопственик.

Мосна е инаку спортски менаџер и претседател на Диатек Груп СпА и на фудбалскиот клуб Volley SpA . Од 2014, тој е почесен претседател на фудбалската лига серија А.

Наместо него, сопственици на компанијата стануваат Диатекс Спа АД и Мирјана Ранчанов. 

Последно ажурирање: 04 април 2017 год.

Преземете податоци