Маркарт

Маркарт Македонија ДООЕЛ Велес

Реализирана

Вредност на инвестиција

Најавени

35.000.000 евра

Инвестирани

25.011.835 евра

Вработувања

Најавени

600

вработени

309

Првата најава за влегувањето на германската компанија „Маркарт“ ГмбХ во Македонија датира од 2013 година.  Од тогаш датира и одлуката за доделување државна помош за странскиот инвеститор.

Помошта подразбира: помош за отворање непознат број работни места, ослободување од персонален данок на доход по однос на плати на вработените, ослободување од корпоративен данок на добивка, покривање на трошоци за обезбедување градежно земјиште и инфраструктури приклучоци како што е снабдување со електрична енергија, вода и комуналии и надоместоци кон општината во непознат износ, како и покривање на трошоци за обука на вработените.

Фабриката на германската компанија  за производство на автомобилски делови во индустриската зона  Караслари, Велес почна да се гради во април 2014 година, а  свеченото отворање беше во октомври 2015 година.

Според проценките, инвестицијата вреди 25 милиони евра со најава дека ќе достигне до 35 милиони евра. Бројот на вработени пак, се најави дека ќе достигне 600 луѓе.

„Во фабриката, која се протега на 15.000 метри квадратни, веќе работат 170 од планираните 600 вработени“, изјавија властите на отворањето на фабриката во октомври 2015 година.

Податоците  од Централниот регистар покажуваат дека до крајот на 2015 година, бројот на вработени во „Маркарт Македонија“ бил 104, а во 2016 бројката на вработени се искачила на 309.

Поранешниот премиер Никола Груевски, на отворањето на фабриката пред јавноста им порача на германските инвеститори дека „поддршката што ја добивале од Владата ќе продолжи и понатаму. Владата е тука да им помага и тоа не само додека да беа убедени да дојдат во Македонија, не само додека ја градеа фабриката туку и секогаш понатаму“, рече Груевски и додаде дека тоа е ориентацијата на Владата и оти таа така работи.

„Фабриката во Македонија е нашата десетта фабрика и ќе игра значајна улога во Групацијата. Инвестицијата која ќе ја реализираме ќе биде над 35 милиони евра“, рече на отворањето сопственикот Харалд Маркарт кој што е и управител на компанијата во Македонија.

Оваа инвестиција е заведена во Регистарот на директни инвестиции во септември 2013 година, а основачкиот влог на „Маркарт Македонија“ изнесува 10 милиони евра. Вкупната актива на компанијата, пак, до крајот на 2015 година достигнува 29,3 милиони евра.

Приходите на компанијата во првата година од почетокот на производството изнесуваат 5 милиони евра, меѓутоа фабриката имала поголеми трошоци од приходи така што крајниот финансиски резултат за 2015 година е загуба од 2,1 милиони евра. 

„Маркарт“ произведува автомобилски системи за познати брендови како „Јагуар Ленд Ровер“, „Рено“, „Фиат“, БМВ, „Сканија“ , „Крајслер“ и други. Работи во девет земји,  има над 8.800 вработени и постои 90 години.

Последно ажурирање: 04 април 2017 год.

Датум на најава

декември 2013 год.

Државна помош

Местоположба

Земја на потекло

Инвестиции на истата локација

Преземете податоци