Монтанте

Јуроп шок абсорберс ДООЕЛ Илинден

Во тек

Вредност на инвестиција

Најавени

10.000.000 евра

Инвестирани

0 евра

Вработувања

Најавени

100

вработени

0

Инвестицијата на италијанската „Монтанте“ беше најавена летото 2014 и тогаш беше ветено дека истата есен компанијата ќе почне да гради фабрика за амортизери во Бунарџик, меѓутоа Италијанците го потпишаа договорот со Владата дури во декември 2015 и според најавеното, првата фаза од инвестицијата треба да се реализира во 2016 година.

Со потпишувањето на договорот најавите за почетните инвестиции и вработувања се стабилизираа на 10 милиони евра и на 100 нови работни места, а претходно, во најавите на експремиерот Никола Груевски имаше податоци дека инвестицијата може да достигне меѓу 30 и 40 милиони евра, а вработувањата меѓу 300 и 400.

„Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо вели дека во првата фаза се предвидува да бидат инвестирани 10 милиони евра и во компанијата да се вработат 100 луѓе, а во наредните фази нивниот број да се зголеми на 350 до 400“, стои на владиниот сајт.

Со оглед дека станува збор за инвестиција којашто малку задоцнето се реализира, на крајот од 2015 фирмата на „Монтанте“ во Македонија, „Јуроп шок апсорберс“ речиси и да немала активности, немала вработени и имала нетековни средства од нула денари.

При крајот на 2015 година, поточно три дена по потпишувањето на Договорот, Владата одлучи да ѝ додели државна помош на „Монтанте“ со цел да се реализира инвестицијата, меѓутоа министрите, како и кај повеќето вакви случаи, не ја откриваат висината на паричната помош. Таа се однесува на ослободување од данок на добивка, од персонален данок за вработените, царински и други олеснувања, како и грант за отворање работни места чии што број и висина се сокриени

„Монтанте груп“ е мултинационална италијанска компанија со 2.300 вработени и годишен обрт од 800 милиони евра, која произведува амортизери за возови, автобуси и за други тешки возила. Нејзиното седиште е во близина на Торино, Италија.

Последно ажурирање: 04 април 2017 год.

Преземете податоци