Мусала Софт

Мусала Софт ДООЕЛ Скопје

Реализирана

Вредност на инвестиција

Најавени

20.000.000 евра

Инвестирани

14.260 евра

Вработувања

Најавени

300

вработени

71

Фирмата „Мусала Софт“ која се бави со информатички и телекомуникациски услуги, во 2015 година имала само 4 вработени, а до пред крајот на 2016 бројот на вработени се зголемува на 71. Најавите се дека до 2019 година „Мусала Софт“ планира да отвори 300 работни места и да вложи над 20 милиони евра.

Нетековните средства на фирмата за 2015 година изнесуваат околу 14 илјади евра.

Инвестицијата беше најавена во октомври 2015 година, во говор на тогашниот премиер Никола Груевски на Денот на ВМРО.  

Претседателката на „Мусала Софт“ Елена Маринова во ноември 2015 посочи дека во компанијата веќе работат повеќе од 10 висококвалификувани стручни лица и најави дека во иднина брзо ќе се шират во Македонија, а фокус ќе им бидат помладите кадри.

„Во Македонија во моментов вработуваме мал број на луѓе, но висококвалитетни и со големо искуство и ги позицираме на битни позиции. Тоа го правиме за да можеме понатаму да се шириме. Сите минуваат низ нашата внатрешна корпоративна обука и ќе продолжиме да го правиме тоа и откако ќе се прошириме во Македонија“, рече Маринова.

Станува збор за компанија од информатичката и телекомуникациската област, која има клиенти како Дојче Телеком, ДХЛ, ИБМ, ОМВ...

Она што ќе се произведува во Македонија 100 проценти ќе биде наменето за извоз.

Сопственик на фирмата е акционерското друштво Мусала софт од Бугарија, а директор е Дељан Петков Љиљов, бугарски државјанин.

Последно ажурирање: 04 април 2017 год.

Преземете податоци