Небб

Небб Солушнс ДООЕЛ Скопје

Реализирана
Нецелосни податоци

Вредност на инвестиција

Најавени

нема податок

Инвестирани

10.228 евра

Вработувања

Најавени

6

вработени

6

Во февруари 2013 година, министерот Веле Самак најави дека норвешката ИТ компанија НЕББ ќе отвори свое претставништво во Скопје и ќе вработи 6 инженери.

Nebb софтвер, според пишувањата на медиумите, е дел од истоимената групација која брои вкупно шест фирми од кои пет се во Норвешка.

„Македонија не е само одлична туристичка дестинација, туку и исклучително добро место за водење бизнис. И претстои светла иднина. Покрај подготвени, добро обучени инженери, тука најдовме љубезни, пријателски настроени луѓе, гостопримство, одлична храна“, рече генералниот директор Асмунд Риси.

До крајот на 2015 година, во македонското претставништво на Небб, биле вработени 7 лица, а во 2016 бројката се намалила на 6 лица. Нетековните средства на компанијата изнесуваат околу 10 илјади евра.

Последно ажурирање: 04 април 2017 год.

Преземете податоци