Софика Груп

Телетецх Македонија ДООЕЛ Скопје

Реализирана

Вредност на инвестиција

Најавени

5.000.000 евра

Инвестирани

20.272 евра

Вработувања

Најавени

100

вработени

36

Во 2010 година бугарската „Софика Груп“, подоцна преименувана во „Телетеч“ го најави влезот во македонскиот пазар со инвестиција од 5-7 милиони евра и 100 нови вработувања само во првата година. Оваа компанија, според тогашните најави на медиумите, нуди услуги од финансиите, ИТ технологијата, внатрешната и надворешната комуникација.

Сепак, според податоците од Централниот регистар, една година подоцна, во 2011, фирмата имала само 1 вработен, а во 2012 година само 7 вработени, наспроти најавените 100 нови вработувања за една година.

Во 2015 година, компанијата пријавила 38 вработени, а до пред крајот на 2016 тој број се намалил на 36 вработени. 

Нетековните средства на компанијата за 2015 година изнесуваат околу 20 илјади евра.

Во 2010 година, Стефан Бумов, генерален директор на „Софика груп Бугарија“, изјави дека во земјава постојат големи предности за инвестирање.

„Изминатава година детално го анализиравме македонскиот пазар и сметаме дека постојат извонредни конкурентски предности што ја прават Македонија одлична локација за нашиот иден развој. Македонија за нас е мост за експанзија во државите од поранешна Југославија, Косово и Албанија. Поради тоа решивме да почнеме оттука, обучувајќи млади луѓе што зборуваат на јазиците на соседните држави“, рече Бумов.

Македонскиот пазар во однос на информатичката технологија, според него, не е поевтин од бугарскиот, но голем е бројот на невработени во овој сектор, што е една од причините за отворање канцеларија.

Последно ажурирање: 04 април 2017 год.

Преземете податоци