Свис Вуд

Свисс Вудфлоринг Солушнс ДОО Скопје

Во тек
Нецелосни податоци

Вредност на инвестиција

Најавени

5.000.000 евра

Инвестирани

нема податок

Вработувања

Најавени

110

вработени

0

Во март 2016 година швајцарската компанија „Свисс Вудфлоринг Солушнс“ најави дека ќе инвестира во Македонија 5 милиони евра и дека ќе отвори 110 нови работни места.

Инвестицијата ја најави директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Висар Фида.

Тој рече дека станува збор за компанија од дрвната индустрија која по две години преговори донела одлука да отвори фабрика во технолошко – индустриска развојна зона во Кичево.

Според најавите, планирано е првично да се изгради објект од 2.500 квадрати, каде што ќе бидат вработени 30 работници, а за целиот инвестицискиот циклус компанијата ќе отвори  110 нови работни места.

“Овој проект ќе помогне во намалувањето на невработеноста, особено за населението во регионот на Кичево. Оваа компанија, исто така, ќе помогне да се зголеми довербата на другите компании од Швајцарија да го следат нивниот пример. Ќе помогне во создавањето на индиректните вработувања преку поврзување со домашни компании кои  ги нудат своите услуги во исто време и  за растот на извозот од Македонија“, изјави Фида.

Компанијата  треба да произведуваа производи од дрвната индустрија како паркет и други специфични производи од дрво, кои ќе се извезуваат главно на швајцарскиот пазар и во други земји во Западна Европа.

Во Македонија, компанијата е регистрирана во 2016 година и непознат е податокот со колкави нетековни средства располага засега оваа фирма. Кон крајот на 2016 година, во фирмата немало вработени луѓе. 

Од Агенцијата за странски инвестиции за БИРН изјавија дека во моментот (крајот на 2016 година), компанијата очекува да добие државно земјиште во индустриската зона во Кичево, во рамки на општината за изградба на капацитет – фабрика , согласно веќе најавената инвестиција.

„Влезот на оваа компанија ќе овозможи работа и за домашните фирми, но она што е поважно е дека уште две компании кои соработуваат со горенаведената компанија се заинтересирани да инвестираат во земјата“, велат од Агенцијата.

Последно ажурирање: 04 април 2017 год.

Датум на најава

март 2016 год.

Државна помош

Местоположба

Земја на потекло

Инвестиции на истата локација