Техникал Текстајлс

Техникал Текстајлс ДООЕЛ Штип

Реализирана

Вредност на инвестиција

Најавени

15.000.000 евра

Инвестирани

5.554.789 евра

Вработувања

Најавени

500

вработени

112

Германската фабрика која произведува компоненти на фиберглас е најавена во август 2014 , а отворена во август 2015 во ТИРЗ Штип. Фирмата во Македонија е регистрирана во декември 2014.

„Техникал Текстајлс“, според најавите, е инвестиција од околу 15 милиони евра, а во неа ќе се произведуваат повеќе компоненти на фиберглас кои имаат примена во градежната, авионската и автомобилската индустрија.

Основачкиот влог на фирмата е 5 илјади евра, активата за 2015 година изнесува 8,9 милиони евра, а нетековните средства се 5,5 милиони евра. Таа е корисник на државна помош од буџетот, а бројот на вработени (500-600 лица) треба да го достигне до 2018 година.

Сопствениот на германската компанија „Техникал Текстајлс“ Јенс Вендланд на отворањето изјавил дека во новата фабрика покрај стоте вработени коишто во моментов работат, планирано е до крајот на годината (2015) бројот на вработените да достигне 300 лица. Сепак, според бројките од Централниот регистар, во фабриката до крајот на 2015 година имало неколку пати помалку вработени, односно 66, а кон крајот на 2016 година бројот на вработени достигнал 112 вработени лица.

Интересна е изјавата на Вендланд, дека тргнал накај Абу Даби за да потпише договор за нова производствена хала, но кога во светски магазин прочитал за Македонија, веднаш го сменил летот.

„Јас во месец мај минатата година (2014) бев во авион кон Абу Даби за да потпишам договор за изградба на нова производствена хала, односно токму оваа во која сега се наоѓаме, а требаше да биде изградена во Абу Даби. Тогаш во еден светски економски магазин прочитав мал прилог за Македонија. Се нудеа добри можности за инвестирање. Затоа веднаш решив да го сменам авионот и да заминам за Македонија за да се информирам подетално за инвестирање во вашата земја“, изјавил Вендланд.

За неговата фасцинираност од Македонија говори и фотографијата која Вендланд ја имаше поставено како главна фотографија на Фејсбук - од потпишувањето на договорот меѓу него, Никола Груевски и Виктор Мизо.

Тој не беше расположен да одговори на барањата на БИРН за средба, за да добиеме одговор зошто ја одбрал токму Македонија за да гради фабрика и кои се неговите инвестициски планови за во иднина.

Последно ажурирање: 04 април 2017 год.

Датум на најава

август 2014 год.

Државна помош

Местоположба

Земја на потекло

Инвестиции на истата локација

Преземете податоци