Текхно Хозе, Витило Груп

Витек Македонија ДОО Илинден

Реализирана

Вредност на инвестиција

Најавени

30.000.000 евра

Инвестирани

8.989.355 евра

Вработувања

Најавени

300

вработени

82

Компанијата „Витек Македонија“ ја отвори фабриката за производство на хидраулична опрема лоцирана во ТИРЗ Скопје 1 – Бунарџик кон крајот на октомври 2012 година. Според најавите, почетната инвестиција требаше да изнесува 5 милиони евра со 50 вработувања.

Станува збор за инвестиција на италијанската компанија „Технохозе“. Основна дејност на компанијата е во машинската индустрија во хидраулични спојки и гумени производи.

Една година подоцна, во октомври 2013, италијанските инвеститори положија камен темелник за изградба на втор погон во Бунарџик, и според најавите на тогашниот премиер, Никола Груевски, инвестицијата требаше да изнесува 11 милиони евра и да отвори уште 150 нови работни места.

Производството во вториот погон почна во јануари 2016, кога генералниот директор на „Витек Македонија“, Антонио Витило, најави и трета инвестиција наредната година со што вкупното вложување ќе се заокружи на 30 милиони евра, а вработени ќе бидат преку 300 луѓе.

„Тоа е шестпати повеќе од првичната инвестиција и покажува дека компанијата „Витило“ ги препозна поволните можности што ги нуди Македонија. Овие бројки ја потврдуваат нашата одлука за инвестирање во Македонија, државата во која верувавме и во која стекнавме пријатели кои ни овозможија да се чувствуваме како дома“, истакна Витило.

Заклучно со крајот на 2015 година, бројот на вработени во фабриката е само 52 луѓе, а во 2016 се искачува на 82.

Според објавите во Службен весник број 138 од 2014 година и 127 од 2013 година, на компанијата „Витек Македонија“, Владата донела одлука да и додели државна помош  меѓутоа не е наведена сумата.

Во 2015 година компанијата остварила приходи од 5,58 милиони евра што е 84,3% повеќе отколку во 2014 година, додека пак добивката изнесува околу 185 илјади евра и е за 9,2% поголема на годишно ниво.

Како сопственици на „Витек Македонија“ се јавуваат италијанскaта фирма „Витило“ АД регистрирана во Ариано Арпино во Италија и Антонио Витило кој што е и управител во македонската фирма. Основачкиот влог  на „Витек Македонија“, според податоците од Регистарот  на директни инвестиции, изнесува околу 20 илјади евра.

Вкупната актива на компанијата, пак, изнесува 12,5 милиони евра, од кои нетековни средства се околу 9 милиони евра.

Последно ажурирање: 04 април 2017 год.

Преземете податоци