Виндор

Виндор увоз-извоз ДООЕЛ Битола

Реализирана
Нецелосни податоци

Вредност на инвестиција

Најавени

нема податок

Инвестирани

33.799 евра

Вработувања

Најавени

20

вработени

7

Камен темелникот на грчката компанија „Виндор“ од Лерин, која се бави со производство на алуминиумски врати и ПВЦ прозорци беше поставен во октомври 2013 година во индустриската зона Жабени.

Во новиот погон кој требаше да вработи 20 лица, беше најавено дека ќе се произведуваат алуминиумски и ПВЦ врати и прозорци. Погонот, според најавите, се гради на површина од  2.500 метри квадратни метри, со површина на објектот од 340 квадрати.

„Ќе продаваме во Македонија, а ќе извезуваме во Грција. Тешко е, но треба да се инвестира, бидејќи ако застанеш, тогаш нема развој“, истакна на свеченоста Костас Мицопулос, основач на „Виндор“.

„Грчкиот инвеститор ги знаел поволностите што ги нудат општината и Владата на Република Македонија и одлучи да гради во нашата зона. Наскоро ќе има уште една нова фабрика која ќе се гради во ИЗ Жабени“, изјави на поставувањето на камен темелникот, градоначалникот на Битола, Владимир Талевски.

Според податоците од Централниот регистар за 2015 година, оваа фирма има 9, а не 20 вработени како што првично беше најавено. Нетековните средства на компанијата изнесуваат околу 33 илјади евра.

Кон крајот на 2016, пак, бројот на вработени се намалува на 7 лица. 

Последно ажурирање: 04 април 2017 год.

Преземете податоци