Како се користи базата за податоци за странските инвестиции во РМ
Интерактивната база на податоци „Странски инвестиции под лупа“ се состои од најавуваните странски инвестиции од страна на Владата на РМ и владините институции во периодот од 2007 до 2016 година. Најавените инвестиции до кои што БИРН имаше пристап да ги документира во оваа база, преку менито за пребарување кое се наоѓа на насловната страница на базата може да се прегледуваат по четири основни филтри:
- Индустрија (ги содржи индустриите на кои им припаѓаат инвестициите)
- Земја на потекло (ги содржи земјите од каде што инвестициите доаѓаат)
- Локација (општина или индустриска зона за каде што биле најавени дека ќе се реализираат или се реализирани странските инвестиции)
- Статус (ги групира инвестициите во три основни статуси во зависност од степенот на реализација на инвестициите: реализирани, нереализирани, во тек)
Преку полето за директно пребарување на инвестиции, кое се наоѓа во главното мени и е означено со фолдер, овозможен е директен избор на било која странска инвестиција документирана во базата.
Резултатите од податоците документирани во базата се прикажуваат на две страници:
- Страница со групни резултати
- Поединечна страница за секоја инвестиција
Страницата со групни резултати дава приказ на брзи факти според избраните филтри, групирани во три клучни групи: број на инвестиции, вредност на инвестиции и вработувања. Во продолжение на брзите факти следи и графички приказ на инвестициите според избраните филтри со нивната најавена вредност, матријалните средства од последната година кои се однесуваат на секоја инвестиција посебно, како и статусот на реализација.
Секоја инвестиција е детално прикажана на посебна страница за инвестиција на која што се прикажани сите достапни податоци за инвестициите како и пропратен текст со клучните информации поврзани за секоја инвестиција. До страниците на инвестициите се пристапува преку директно пребарување на било која инвестиција од менито за пребарување, или преку избор на инвестицијата од интерактивниот график кои се прикажува на страницата за групни резултати.
Документацијата со која што располага БИРН за секоја инвестиција може да се преземе од страницата на инвестицијата. Доколку податоците за одредена инвестиција не се целосни, знак за нецелосни податоци се прикажува на страницата на инвестицијата.
Податоците од оваа база на податоци се отворени и истите може да се преземаат и користат во согласност со меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.