6 пи ем

6ПМ Неарсхоре ДООЕЛ Скопје

Реализирана

Вредност на инвестиција

Најавени

5.000.000 евра

Инвестирани

60.755 евра

Вработувања

Најавени

50

вработени

28

Во септември 2011 година, директорот на Агенцијата за странски инвестиции најави дека компјутерската групација 6 пи ем (6pm) од Малта ќе инвестира 5 милиони евра во компанија во Македонија која треба да произведе ИТ решение за потребите на здравствениот систем на Малта.

Според најавите, станува збор за производство на специфичен болнички софтвер, што ќе го создаваат програмери во Македонија, кој треба да овозможи веб - следење на здравствената состојба пред сѐ на старите лица пуштени на домашно лекување.

Првиот човек на компанијата Иван Бартоло, како што пренесоа медиумите, се одлучил за Македонија поради ниските трошоци за работа, напредната култура, добрите вештини на информатичарите и претприемничкиот дух.

Најавите беа дека за почеток компанијата ќе вработи 10-тина информатичари, а до 2012 година ќе се вработат 50 работници.

Во Македонија оваа фирма функционира под називот „6ПМ Неарсхоре“ ДООЕЛ. Во 2016 година, односно 5 години по најавата за инвестирање, во компанијата биле вработени 28 лица, а нетековните средства на фирмата за 2015 година изнесуваат околу 44 илјади евра, што е голема разлика од првично најавената инвестиција од 5 милиони евра. Во 2016 година, нетековните средства на компанијата се зголемуваат на околу 60 илјади евра. 

Последно ажурирање: 22 септември 2017 год.

Преземете податоци