Алокејт Софтвер

Алокејт Софтвер ДООЕЛ Скопје

Реализирана

Вредност на инвестиција

Најавени

7.500.000 евра

Инвестирани

334.957 евра

Вработувања

Најавени

55

вработени

66

Британската компанија „Алокејт софтвер“ во март 2015 година најави дека за два месецa ќе отвори центар за развој на апликации во Скопје, а плановите се до 2017 година да се вработат 50 програмери и да се инвестираат 5 милиони евра.

Една година подоцна, во март 2016 година, компанијата објави дека ја зголемува почетната планирана инвестиција од пет на 7,5 милиони евра во својот Центар за развој на апликации во Скопје и дека ќе се вработат вкупно 55 лица.

Главниот извршен директор на „Алокејт софтвер“, Сати Сиан, изрази задоволство од проширувањето на Центарот за развој на апликации во Скопје како дел од нивите тековни планови за раст.

„Не само што Центарот ќе служи како локомотива за раст на нашата интернационална стратегија, туку тој исто овозможува нашите постојни клиенти да имаат корист од континуираниот развој на нашите тековни решенија“, рече Сиан на отворањето на новата канцеларија.

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска го поздрави присуството на оваа компанија во Македонија која на младите кадри им овозможува да стекнат нови знаења и искуства, а со тоа и да станат поконкурентни на пазарот.

Според податоците од Централниот регистар за 2015 година, во „Алокејт софтвер“ биле вработени 8 лица, а нетековните средства на компанијата изнесуваат околу 92 илјади евра. Во 2016 година, пак, бројот на вработени видно се зголемува и изнесува 66 лица, исто како и нетековните средства кои се зголемуваат на 334 илјади евра. 

„Алокејт софтвер“ нуди услуги за специјалистички софтвер за оптимизација на работна сила. Нивните решенија, како што објавија медиумите, се користат во над 700 организации во јавниот и во приватниот сектор, а дел од нивните корисници се НАТО и британската армија. Пакетот услуги на „Алокејт“ за здравството, се користел за управување со повеќе од милион вработени во 300 здравствени организации во светот.

Последно ажурирање: 23 јануари 2018 год.

Преземете податоци