Бионика и Варус

Бионика Фармацеутикалс ДОО Скопје и Варус ДООЕЛ

Реализирана
Нецелосни податоци

Вредност на инвестиција

Најавени

10.000.000 евра

Инвестирани

4.380.410 евра

Вработувања

Најавени

нема податок

вработени

46

„Варус“ ДООЕЛ Скопје и „Новос“ од Белград, во 2012 година ја најавија инвестицијата во „Бионика Фармацеутикалс“ како производствена фармацевтска компанија која се занимава со производство на лекови, медицински средства и додатоци на исхрана.

Инвестицијата беше најавена во две фази од кои првата во износ од 6 милиони евра, додека втората во износ од 4 милиони евра. Досега реализирана е првата фаза.

Нетековните средства на двете капитално поврзани компании во Македонија, Варус и Бионика, за 2015 година изнесуваат 4,3 милиони евра, а двете компании во 2015 година имале вработено вкупно 46 лица.

На отворањето на Бионика беше присутен и премиерот Никола Груевски кој изјави дека „секоја компанија која се одлучува за инвестиција, за реинвестиција на својот капитал, за проширување на својот производствен капацитет, за зголемување на бројот на своите вработени, за модернизација на производството, за зголемување на извозот во странство, претставува пример за почит, за поздрав и посакуван партнер од секоја влада”.

Последно ажурирање: 08 јуни 2017 год.

Преземете податоци