БРГ Груп

М Скуаре Балкан Лимитед ДООЕЛ Скопје

Во тек

Вредност на инвестиција

Најавени

31.000.000 евра

Инвестирани

3.164.742 евра

Вработувања

Најавени

1.000

вработени

7

БРГ Груп од Индија во декември 2015 ја купи фабриката на поранешна „Порцеланка“ во Велес, со цел производство на кујнски производи од не’рѓосувачки челик. Вредност на  инвестицијата, како што беше најавено, е 31 милион евра со 1.000 вработени во следните 5 години.

Според отчетот на ВМРО-ДПМНЕ, планирано е да се почне со производство кон крајот на 2016 година.

Фирмата во Македонија, М Скуаре Балкан Лимитед ДООЕЛ Скопје, во 2015 година имала нетековни средства од 3,1 милион евра и тројца вработени а кон крајот на 2016 во фирмата имало 7 вработени. 

Договорот беше потпишан во јануари 2016 година меѓу Владата и менаџментот на компанијата. Како што веќе објавија медиумите, повеќе од една година владиниот тим, министерот за привлекување странски инвестиции, Џери Наумоф, и амбасадорот на Македонија во Индија - Тони Атанасовски работеле на тоа да ја донесат странската инвестиција во Велес.

„Оваа инвестиција е резултат на нашите заложби да вратиме во живот колку што можеме повеќе од фабриките кои згаснаа во времето на транзицијата. Тоа е исклучителнo важен период од нашата историја кога без работа останаа илјадници граѓани насекаде низ нашата држава и се стави клуч на многу фабрики низ Македонија. Велес беше особено погоден во времето кога се затвораа фабриките, а една од нив беше и поранешната ‘Порцеланка’“, рече поранешниот премиер Никола Груевски по потпишувањето на договорот.

Според медиумите, групацијата БРГ во рестартираната поранешна фабрика „Порцеланка“ ќе изработува производи од челик и кујнски прибор од не’рѓосувачки челик.

Компанијата има шест фабрики со 13 илјади вработени и претставништва во повеќе светски метрополи. Годишниот обрт на компанијата изнесува 500 милиони евра.

Последно ажурирање: 04 април 2017 год.

Датум на најава

јануари 2015 год.

Државна помош

Местоположба

Земја на потекло

Инвестиции на истата локација

Преземете податоци