Можноста за инвестиција во Македонија ја најави директорот на Управниот одбор на Челмак во 2014 во Истанбул за време на евроазискиот економски самит на фондацијата „Мармара“, а во март 2015 инвестицијата е најавена во говорот на тогашниот премиер Никола Груевски во Битола.
Беше речено дека станува збор за инвестиција од 5 милиони евра во фабрика во индустриската зона Жабени, Битола, за производство на земјоделска механизација.
Според најавите на Груевски, производството требаше да почне до крајот на 2015 година со вработување на 150 луѓе. Турскиот инвеститор купил парцела во зоната со површина од 24.000 м2.
До денес, изградбата на фабриката се уште не е почната.
Во исто време, истиот инвеститор најави и инвестиција во најсовремена фабрика за производство на чипс која ќе извезува во Европа и ќе обезбеди вработувања на над 100 луѓе. Според изјавите на локалните власти, парцелата е купена а фабриката требаше да почне со производство во текот на 2015 година.
Компанијата Челмак ДООЕЛ Битола според податоците од Централниот регистар има вкупна актива од 44 илјади евра, а воопшто нема вработени.
Вкупните приходи на компанијата во 2015 година изнесуваат 5 илјади евра, а добивката на компанијата изнесува 4.100 евра.
Последно ажурирање: 04 април 2017 год.