Дрекслмајер

ДММ Дрекслмајер Мануфактуринг Македонија ДООЕЛ увоз - извоз Кавадарци

Реализирана

Вредност на инвестиција

Најавени

35.000.000 евра

Инвестирани

23.369.918 евра

Вработувања

Најавени

4.000

вработени

5.507

Германската компанија „Лиза Дрекслмајер“ ГмбХ ја отвори својата фабрика во индустриската зона Телот, Кавадарци кон крајот на 2012 година. Договорот за инвестирање што го потпиша претходно во јули истата година со Владата предвидуваше инвестицијата во фабриката за кабелски инсталации за автомобилската индустрија да достигне 35 милиони евра и да вработи 4.000 луѓе.

Оваа компанија е меѓу ретките што ги натфрли најавените бројки за отворање на нови работни места, така што според податоците од централниот регистар, до крајот на 2015 година имало 5.730 вработени, а во 2016 година бројката се намалува на 5.507. 

Меѓутоа по обидот за штрајк на вработените, што предизвика откази за 60 лица, информациите за ниските плати и условите за работа, и покрај демантите на компанијата, „Дрекселмајер“ често е посочуван како илустрација на третманот на македонските работници во странските компании.

Според Регистарот на директни инвестиции, основачкиот влог на ДММ „Дрекслмајер Мануфактуринг Македонија“ изнесува 4 милиони евра. Вкупната актива на компанијата, пак, достигнува 36,4 милиони евра, од кои 24,6 милиони се нетековни средства.  Во 2016 година, сумата на нетековни средства се намалува за околу 1 милион евра. 

Во 2015 година фабриката инкасирала 50,6 милиони евра приходи од продажба што е 16,4% повеќе отколку во 2014 година, додека пак, добивката е зголемена за 19%, на 2,34 милиони евра.

Компанијата во 2012 година добила и државна помош, меѓутоа, во одлуката објавена од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата нема наведено сума, туку пишува дека „помошта во облик на XXX што Владата планира да ѝ ја додели на компанијата ДММ „Дрекслмајер Мануфактуринг Македонија“ е наменета за поддржување на реализација на инвестициски проект за XXX“. 

Интересно е што фабриката што се простира на 52 илјади метри квадратни е изградена од локален партнер на компанијата и дадена на користење на ДММ „Дрекслмајер Мануфактуринг Македонија“ преку долгорочен лизинг.

„Дрекслмајер“ има претставништва во САД, Србија, Молдавија, Кина и во Македонија.

Последно ажурирање: 22 септември 2017 год.

Датум на најава

декември 2011 год.

Државна помош

Местоположба

Земја на потекло

Инвестиции на истата локација

Преземете податоци