Џагатај Кабло

Џагатај Кабло Отомотив Електрик Системлери ДООЕЛ Гостивар

Во тек
Нецелосни податоци

Вредност на инвестиција

Најавени

6.000.000 евра

Инвестирани

нема податок

Вработувања

Најавени

200

вработени

нема податок

Турската компанија „Џагатај Кабло“ најави дека ќе гради фабрика во зоната Бунарџик на шест дена пред одржување на парламентарните избори во декември 2016 година.

Според најавите, нова инвестиција ќе вреди вкупно 6 милиони евра и треба да отвори 200 нови работни места. Се работи за компанија која произведува електроника за автобуси и земјоделска механизација, а во Скопје доаѓа како добавувач на белгиската компанија за производство на автобуси „Ван Хоол“.

Сопственикот на „Џагатај Кабло“ за медиумите изјави дека во Македонија ги носат поволностите за инвестирање во зоните, поддршката од надлежните институции, и младиот и стручен кадар.

“Ќе почнеме со градба на фабриката во 2017 година. Зедовме под закуп парцела со големина од 20.000 метри квадратни во Бунарџик. Нашиот план е до крајот на 2017 да почнеме со работа. Планирано е да почнеме со 100 вработувања и 3 милиони евра инвестиција. Подоцна ќе ја прошириме инвестицијата на 6 милиони евра и ќе вработиме вкупно 200 лица“, изјави Ахмет Короглу, сопственик на „Џагатај Кабло“.

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Виктор Мизо изјави дека првичниот контакт бил по барање на Филип Ван Хоол, сопственикот на белгската компанија за производство на автобуси.

„Тој дојде и рече еве компанија со која сакаме да соработуваме. И ние почнавме со преговори. Избраа локација која и блиску до Ван Хоол и во 2017 ќе почнат со работа. Некаде во втората половина од годината веќе ќе почнат и обуките за новите работници“, изјави Мизо.

Производите на „Џагатај Кабло“ ќе ги купува Ван Хоол, но и ќе се извезуваат на европскиот пазар.

Инаку компанијата „Џагатај Кабло“ Отомотив Електрик Системлери ДООЕЛ Гостивар е основана во ноември 2016 година со основачки влог од 20 илјади евра.

Последно ажурирање: 04 април 2017 год.