Компанијата од Босна и Херцеговина, Joy-marketing group (Џој Маркетинг Груп) во февруари 2016 година отвори кол-центар во Скопје за германскиот пазар. Планот, според најавите, беше првично да се вработат 30 лица, до крајот на 2016 вработувањата да достигнат 100 вработувања, а за 4 години над 500 вработени.
„Свесни сме за фактот дека Македонија е на значајното 12-то место во светот за водење на бизнис, според Дуинг бизнис и воедно тоа беше една од причините за нашето доаѓање во Македонија“, рече на отворањето сопственикот на компанијата Мирсад Осмиќ.
Кол центарот работи за германскиот пазар, па затоа од работниците се бара да го познаваат овој јазик.
Оваа компанија, освен во БиХ, свои претставништва има и во Бугарија и во Србија.
Во македонското претставништво на Џој Маркетинг груп, фирма отворена со основачки влог од 5 илјади евра, сопственик е Мирсад Осмиќ, а директор Виолета Мирчевска. Кон крајот на 2016 година вработени биле само 7 лица.
Последно ажурирање: 04 април 2017 год.