Ендава

Ендава ДООЕЛ Скопје

Реализирана

Вредност на инвестиција

Најавени

2.000.000 евра

Инвестирани

383.727 евра

Вработувања

Најавени

400

вработени

150

Британската ИКТ компанија „Ендава“ која се занимава со развивање софтвери, во февруари 2014 година најави дека ќе отвори нови 450 работни места во наредните 3-4 години и дека во првата фаза од инвестицијата ќе инвестира над 2 милиони евра. Една година подоцна компанијата почна да работи со најава за 400 вработувања во следните 4 години.

„Од 40 градови во Европа го избравме Скопје, затоа што постои брз раст на ИТ секторот, забрзаниот економски раст и високообразованиот кадар“, рече извршниот директор на „Ендава“ Џон Которел, по средбата со тогашниот премиер Никола Груевски.

Со одлука на Влада на Република Македонија, донесена на затворена седница, а  одобрена и од Комисијата за заштита од конкуренција во декември 2014,  компанијата „Ендава“ е корисник на државна помош за креирање работни места во период од пет години.  Вообичаено, сумата која британската фирма ја доби е заштитена како деловна тајна. 

Според податоците од Централниот регистар, нетековните средства на компанијата во Македонија за 2015 година изнесуваат околу 446 илјади евра, а во фирмата има 104 вработени. Пред крајот на 2016 година, бројката на вработени се искачила на 150, а сумата на нетековни средства се намалила на 383 илјади евра. Конечната бројка вработени, според првичните најави, треба да се реализира до 2017-2018 година.

Инаку, британската компанија „Ендава“ има свои канцеларии во Франкфурт, Њујорк, Атланта, Глазгов и Оксфорд. Компанијата има свои претставништва и во Романија, Молдавија и Србија.

По притисокот на ИТ-компаниите во Србија, како што пренесе порталот Мкд.мк, беа укинати субвенциите за „Ендава“ во Србија, од околу 1.6 милиони евра.

Последно ажурирање: 23 јануари 2018 год.

Преземете податоци