Ес Еј Груп

СА Инфинити Еуропе ДООЕЛ Скопје

Во тек

Вредност на инвестиција

Најавени

5.000.000 евра

Инвестирани

417.491 евра

Вработувања

Најавени

60

вработени

8

Фармацевтската компанија Ес Еј Груп од Обединетите Арапски Емирати се споменува единствено во отчетот на ВМРО-ДПМНЕ и за неа нема никакви дополнителни информации во медиумите или пак во изјавите на официјалните државни претставници.

Според отчетот, оваа компанија на почетокот на 2016 година започнала секундарно пакување на генерички лекови во браунфилд објект од 500 квадратни метри во индустриската зона Визбегово. Производите биле наменети за извоз во земјите од Блискиот Исток и Европа.

Според отчетот, планот на компанијата бил да се вработат 60 лица и да се инвестираат 5 милиони евра во период од 5 години.

БИРН дојде до податокот дека во Обединетите Арапски Емирати, односно во Дубаи, ваква фирма постои и нејзината локација е на слободната зона на аеродромот во Дубаи. На веб страницата на компанијата не е пополнето ниту едно поле – нема податоци за мисијата и производите што ги продава оваа фирма, а оставен е само контакт и мапа од аеродромот во Дубаи.

Во Македонија, пак, фирмата е регистрирана под називот „Са Инфинити Еуропе“ и до крајот на 2015 година имала 3 вработени лица, а кон крајот на 2016, вработени биле 8 лица. Нетековните средства на компанијата изнесуваат над 417 илјади евра. 

Последно ажурирање: 04 април 2017 год.

Преземете податоци