Еуро БПО

Еуро БПО

Реализирана
Нецелосни податоци

Вредност на инвестиција

Најавени

310.000 евра

Инвестирани

нема податок

Вработувања

Најавени

350

вработени

60

Британската компанија Еуро БПО којашто дава аутсорсинг услуги за бизнис процеси за глобални компании, во мај 2014 година најави дека ќе отвори своја канцеларија во Скопје, во која планира да вработи 350 луѓе. Почетната инвестиција беше најавено да изнесува 250 илјади фунти со намера да се зголемува во иднина.

Директорот на агенцијата за странски инвестиции, Висар Фида, којшто на прес конференција ја промовираше оваа инвестиција, истакна дека по отворањето на канцеларијата во Скопје, компанијата подоцна планира да отвори свои канцеларии и во други градови во Македонија.

Претставниците на британската компанија истакнаа дека се одлучиле за отворање на канцеларии токму тука поради квалитетот на инфраструктурата, квалитетниот кадар кој го има Македонија, но и владината помош.

Еден од директорите на компанијата, Дејвид Џонс, изјави дека со преселбата во Македонија ќе ги намалат своите оперативни трошоци за 50%, не само заради евтината работна сила, туку и заради трошоците за отворање канцеларија. 

„Да отворите канцеларија во Лондон чини десет пати поскапо отколку во Скопје“, изјави Џонс. 

„Во иднина планираат да отворат и канцеларии во други градови во Македонија”, изјави директорот на Агенцијата, Висар Фида.

На официјалната веб страница на оваа компанија како главен менаџер во Македонија е наведена Ана Величковска која на оваа позиција доаѓа по ангажманот во Агенцијата за странски инвестиции во Македонија. Основачи на фирмата се Дејв Џонс и Стив Џерет, а тимот составен исклучиво од Македонци, според веб страницата, брои вкупно 30 луѓе.

Од Агенцијата за странски инвестиции за БИРН изјавија дека компанијата е оперативна во Македонија од март 2014 година, а во моментот (крај на 2016 година) има вработено околу 60 луѓе.

„Фирмата е сместена во просториите на хотелот 'Гранд плаза', во Тафталиџе. Главната дејност на компанијата е outsourcing services: како услуги за ICТ center, marketing, call center, customer support, HR and recruitment, accountancy. Соработува со најголемата агенција за недвижности во Велика Британија, сите услуги се насочени директно кон тој пазар“, велат од Агенцијата.

Последно ажурирање: 04 април 2017 год.