Гентерм

Гентерм Македонија ДООЕЛ извоз - увоз Прилеп

Реализирана

Вредност на инвестиција

Најавени

20.000.000 евра

Инвестирани

10.521.833 евра

Вработувања

Најавени

2.000

вработени

691

Најавена во декември 2014  како американска инвестиција, компанијата Гентерм ДОО во јули 2016 година ја отвори фабриката за производство на термални системи за автомобили и други уреди наменети за извоз на европскиот пазар. Според Регистарот на директни инвестиции, Гентерм не се води како американска, туку како германска компанија регистрирана во германскиот град Оделхаузен.

Договорот со компанијата е потпишан во февруари 2015 кога беше најавено дека таа започнува со работа до октомври истата година. Всушност, дури во декември 2015 е поставен камен темелникот  во Технолошко индустриската развојна зона Прилеп.

Според зборовите на поранешниот премиер Никола Груевски, инвестицијата на Гентерм вреди 26 милиони евра, но бројката се разликува од онаа што ја најавија инвеститорите кога го потпишаа договорот за инвестирање - 20 милиони евра. 

Најавено беше дека ќе се отворат 2.000 нови работни места,  но последните податоци од Централниот регистар заклучно со крајот на 2015 година, покажуваат дека во капацитетот биле вработени 345 луѓе. 

Во 2016 година, пак, бројката на вработени двојно се зголемува и достигнува 691 луѓе. 

Дел од ангажираните вработени поминаа обука во капацитетите на Гентерм во Украина. Интересно е што кон крајот на 2015 година, дел од вработените во фабриката коишто веќе ги поминале обуките во Украина, излегоа на протест, бидејќи од менаџментот добиле откази само по три недели од ангажманот.

Гентерм Македонија ДООЕЛ е на листата компании на кои властите им одобриле државна помош, меѓутоа сумата не е позната.

Според решението објавено од Комисијата за заштита на конкуренцијата, оваа компанија добила „грант во готовина во висина од XXX евра за покривање на трошоците за изградба на објектот и за креирање на XXX нови работни места“.

Освен паричната помош, Гентерм ги добила и сите други даночни и царински ослободувања што им ги дава државата на странските компании во технолошко индустриските развојни зони.

Според податоците до крајот на 2015, основачкиот капитал достигна 11.748.500 евра. Вкупната актива пак, на компанијата, заклучно со лани, изнесува 11,3 милиони евра.

Во првата година од инвестицијата, компанијата има приходи од околу 390 илјади евра, и трошоци од околу 2 милиони евра, што резултира со загуба за 2015 година од околу 1,6 милиони евра.

 

Последно ажурирање: 04 април 2017 год.

Датум на најава

декември 2014 год.

Државна помош

Местоположба

Земја на потекло

Инвестиции на истата локација

Преземете податоци