ХЛХ Македонија (х.Резидор)

ХЛХ Мац ЛЛП ДООЕЛ Скопје

Нереализирана

Вредност на инвестиција

Најавени

68.000.000 евра

Инвестирани

4.935.559 евра

Вработувања

Најавени

100

вработени

0

Инвестицијата првично беше најавена во 2007 година. Во летото 2008 година поранешниот премиер Никола Груевски со поставување камен темелник уште еднаш ја најави инвестицијата на британската компанија „Херитиџ Лондон и Хановер Лимитед“ (ХЛХ ЛТД) во хотел зад скопски „Рамстор“.

На владиниот сајт сѐ уште стои најавата дека британската фирма треба да инвестира 68 милиони евра во хотел од брендот Резидор, кој ќе има повеќе од 200 апартмани и  ќе отвори неколку стотина нови работни места. 

Краен рок за изградба на овој угостителски објект беше 2010, меѓутоа досега на плацот има само камен-темелник.

Македонската „ХЛХ МАЦ ЛЛП“ го купи земјиштето на аукција по цена од 8.500 денари за метар квадратен или вкупно 680.000 евра за речиси 5.000 квадрати во центарот на Скопје. Денес оваа фирма е сѐ уште активна, нема вработени, меѓутоа има значителни нетековни средства во вредност од речиси пет милиони евра.

Груевски ја промовираше британската компанија како странски инвеститор, меѓутоа брзо се откри дека фирмата е во посредна врска со „Орка холдинг“ на македонскиот бизнисмен Орце Камчев, преку британската „Џејрома“ во сопственост Ендрју Фелдман, со кого „Орка“ имала долгогодишна деловна соработка.

Токму Фелдман беше на свеченоста при удирањето на камел-темелникот за хотелот. 

Овој бизнисмен е познат финансиер на британската Конзервативна партија и англискиот весник „Телеграф“  во 2010 тврдеше дека токму преку него ториевците го туркале зачленувањето на Македонија во НАТО во замена за договорот за изградба на хотелот , што во 2007 го добиле со помош на Груевски.

Според јавните податоци од Катастарот, парцелата на која требаше да никне хотелот Резидор денес е во сопственост на турската компанија „Лимак“, која, пак, се обврза да изгради подземна улица врз булеварот што минува меѓу земјиштето на „ХЛХ МАЦ ЛЛП“ од едната и Рамстор од другата страна.

„Лимак“ во 2012 година се обврза да гради и комерцијални објекти врз подземната сообраќајница во вредност од 100 милиони евра.

Последно ажурирање: 04 април 2017 год.

Преземете податоци