Икс Трејд

МТС Трејдинг Солушнс ДООЕЛ Скопје

Реализирана
Нецелосни податоци

Вредност на инвестиција

Најавени

нема податок

Инвестирани

5.005 евра

Вработувања

Најавени

100

вработени

47

Официјално отворена во јануари 2016 година, меѓународната компанија со седиште во Кипар ја почна својата работа во Македонија поврзана со финансиски услуги и тргување. Најавите се дека во Икс трејд до 2018 година ќе бидат вработени 100 лица, од кои првите 50 до крајот на 2016.

Ова ветување, во делот на вработувањата е остварено, па до ноември 2016 година во оваа фирма имало 47 вработени лица. 

Меѓународната компанија се занимава со он-лајн тргување на светскиот девизен пазар. Но, на интернет можат да се најдат голем број сведоштва на лица кои биле измамени со ваквиот начин на тргување и изгубиле огромни суми пари.

„Со МТС Трејдинг Солушнс ние се стремиме да ги обучиме нашите вработени и да го прошириме нашето присуство на другите европски пазари“, изјави Шејла Кампањано, директор на „ИКС- трејд“ на официјалното отворање.

Во земјава, Икс трејд функционира под името МТС Трејдинг Солушнс.

Министерот Џери Наумоф рече дека оваа инвестиција ќе помогне во намалување на невработеноста и задржување на високообразованата младина во земјата.

Фирмата е основана во октомври 2015 година со паричен влог од 5 илјади евра. До крајот на 2015, фирмата имала нетековни средства од околу 47 илјади евра. 

Последно ажурирање: 04 април 2017 год.

Преземете податоци