Кеслер

Кесслер Македонија ДООЕЛ Скопје

Во тек
Нецелосни податоци

Вредност на инвестиција

Најавени

нема податок

Инвестирани

нема податок

Вработувања

Најавени

70

вработени

нема податок

Лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во јануари 2016 година објави дека германската компанија „Кеслер“ (Kessler) ќе отвори фабрика во Македонија.

Тоа е германска компанија од електро-машинска индустрија, производител на алатки и двигатели за машинско моделирање и брусење, електромотори и оваа инвестиција, според најавите, ќе биде прва фабрика од ваков вид во Македонија.

Проектот предвидува формирање и на Центар за истражување, каде што ќе работат висококвалификувани машински и електро-инженери.

Советникот во Владата, Алек Никовски, објасни дека „Кеслер“ прво ќе ангажира десетина инженери, кои веќе се пратени на полугодишна обука во Германија и дека фирмата ќе се смести во постојни објект во Скопје, а подоцна ќе изгради и фабрика во Бунарџик, каде што, според изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се отворат од 60 до 70 нови работни места.

Немаше официјална најава колку ќе вреди оваа инвестиција.

Германскиот инвеститор во април 2016 веќе отворил компанија во Скопје, „Кеслер Македонија“, меѓутоа со оглед дека оваа фирма е нова и сѐ уште нема завршна сметка, нема официјални информации за тоа колку работници ангажирала во овој краток период.

Ниту, пак, може да има информации колкава е нивната инвестиција во државава, а нема ниту информација дека оваа компанија досега добила каква било државна помош.

На веб страницата на компанијата пишува дека „Кеслер“ е компанија со 90-годишно искуство во својата област.

Последно ажурирање: 04 април 2017 год.