Кофикаб

Кофикаб

Нереализирана

Вредност на инвестиција

Најавени

10.000.000 евра

Инвестирани

0 евра

Вработувања

Најавени

150

вработени

0

Компанијата од Тунис, „Кофикаб“ беше најавена кон крајот на 2013 година како инвестиција која треба да донесе нови 150 вработувања во Кавадарци, а ќе тежи 10 милиони евра.

Според информациите на БИРН од терен, ваква фабрика, која беше најавена дека ќе има производествен капацитет во близина на „Дрекселмајер“ во Кавадарци, не постои. БИРН не дојде ниту до податоци дека ваква фирма е регистрирана во Македонија, а министерот Веле Самак, кој ја најави оваа инвестиција, не одговори на нашите прашања испратени по електронска пошта ниту пак одговораше на нашите телефонски повици. Оваа инвестиција не е спомената ниту во отчетот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Станува збор, за компанија партнер на „Дрекселмајер“ која отвора фабрики секаде каде што отвора и „Дрекселмајер“. „ Компанијата веќе ја посети Македонија и од она што го кажа доста е извесно дека ќе дојде во Македонија да произведува одредени делови потребни за производството на „Дрекселмајер“, изјави Груевски во 2013 година.

Инвестицијата требаше да започне како браунфилд, во постоечки капацитет, а следната година (2014) беше најавено дека компанијата ќе направи и гринфилд инвестиција во изградба на нова фабрика. Најавата беше дека „Кофикаб“ ќе почне со работа во декември 2013 година, а огласот за првите работници веќе бил објавен.

„Тие ја видоа големината на локалниот пазар, летово донесоа одлука да инвестираат. Фирмата се наоѓа во постоечка локација во Кавадарци, од каде во средината на декември почнуваат со достава на кабли кон „Дрекселмајер“, а за кратко време и до „Кронберг и Шуберт“, изјави Самак.

„Кофикаб“ е производител на електронски кабли и жици во автомобилската индустрија. Првата фабрика е отворена во 1992 во Тунис, а изминатите две децении отворени се фабрики и во Португалија, Мароко и од 2005-та во Романија. Кофикаб произведува за Мерцедес, Фолксваген, Пежо, Ситриоен, Рено, Фиат, БМВ, Опел, Форд…

Последно ажурирање: 04 април 2017 год.

Датум на најава

ноември 2013 год.

Државна помош

Местоположба

Дејност

Земја на потекло

Инвестиции на истата локација