Кондево

Кондево МК ДООЕЛ Штип

Во тек

Вредност на инвестиција

Најавени

30.000.000 евра

Инвестирани

2.651.610 евра

Вработувања

Најавени

280

вработени

1

Најавата дека италијанската компанија „Кондево“, производител на топлотни разменувачи за бојлери, ќе гради фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона Штип  е од март 2015 година.

Неколку месеци подоцна, во септември, поранешниот премиер Никола Груевски присуствува на почетокот на градежните работи на фабриката во Штип.

„Ова вложување треба да резултира со отворање на нови 250 работни места во наредните 5 години. Големината на инвестицијата изнесува 40 милиони евра“, пишува на веб страницата на ТИРЗ.

Од друга страна, на веб-страницата на Владата, стои дека изнесува  над  30 милиони евра, а треба да се вработат најмалку 280 работници и стручен кадар.

Засега, ниту едното ниту другото не е остварено.

Според податоците од Централниот регистар, фирмата има 1 вработен, а нетековните средства изнесуват 2,6 милиони евра. Компанијата има приходи од само 15 илјади денари во 2015 година.

На официјалната веб страна на италијанската Кондево стои дека капиталот изнесува 6,3 милиони евра.

Сопственикот на „Кондево“, Рафаеле Џенони, на почетокот на градежните работи на фабриката кажа дека условите што им ги понудил министерот Џери Наумоф биле пресудни во одлуката да инвестираат во Штип.

„Доаѓањето на Италијанците било договорено на едночасовен разговор во Италија со сопствениците на „Кондево“, семејството Џанони“, рече тогашниот министер Зоран Ставрески. Тој не кажа кои се условите под кои италијанската компанија влегува во индустриската зона.

Пред  почетокот на градењето на фабриката,  на 28 август 2015 Владата на затворена седница  носи одлука за доделување на државна помош за Кондево  што е и одобрено на 9 септември 2015 од страна на Комисијата за заштита од конкуренција. Во Договорот  сумата на одобрената помош не е позната, односно сите суми во решението се обележани со XXX, освен бројката 30 милиони евра на инвестицијата, која не е затскриена  во документот.
 
Во решението на Комисијата за заштита од конкуренцијата за давање државна помош на Кондево стои дека фирмата добива помош во пари за 8 ставки и тоа– во 2017, 2018 и во 2019 година за:

- Ослободување на плаќање данок на добивка за 10 години
- Ослободување од плаќање персонален данок на доход на платите на вработените за 10 години
- Ослободување од плаќање ДДВ на увозот под услов да не е наменет за крајна потрошувачка
- Царински ослободувања и олеснувања
- Ослободување од плаќање надоместок за уредување на градежно земјиште
- Ослободување од обврска за поднесување гаранција како инструмент за обезбедување царински долг
- Грант во готовина за покривање на учество во трошоците за изградба на објектите на подрачјето 
- Грант во готовина за креирање нови работни места (дури и бројот на работни места е обележан со XXX)

Во октомври на собирот на партијата лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски набројувајќи ги остварените инвестиции ја спомна и италијанската Кондево, тврдејќи дека фабриката е готова и оти со производство ќе започне од 2017 година.

Последно ажурирање: 04 април 2017 год.

Датум на најава

март 2015 год.

Државна помош

Местоположба

Земја на потекло

Преземете податоци