МДС Медикал

МДС Медикал Лимитед

Во тек
Нецелосни податоци

Вредност на инвестиција

Најавени

2.285.980 евра

Инвестирани

нема податок

Вработувања

Најавени

50

вработени

нема податок

Оваа компанија се споменува единствено во отчетот на ВМРО-ДПМНЕ од 2016 година, а БИРН не најде никакви конкретни податоци за постоењето на оваа фирма во земјава. Во Управата за јавни приходи не е регистрирана фирма со вакво или слично име, а ниту пребарувањата на интернет не даваат било каква информација за постоењето на фирмата во Македонија.

Во отчетот на ВМРО-ДПМНЕ пишува дека МДС Медикал Лимитед е британска компанија од индустријата на медицински апарати и дека во март 2015 година донела одлука за инвестирање со македонска фирма во фабрика за производство на автоклави и други машини за стерилизирање на медицински помагала.

„Машините ќе бидат 100% изработени во Македонија. Инвестицијата е во фаза на реализирање во постоен објект во Скопје и веќе се вработени 15 лица. Сериското производство ќе се реализира до крајот на 2016 година и се очекува да се вработат 50 лица. Инвестицијата се проценува до 2 милиони британски фунти“, стои во отчетот.

БИРН преку електронска пошта се обрати до МДС Медикал Лимитед за да се увериме дека оваа информација е точна, но не добивме одговор.

Последно ажурирање: 04 април 2017 год.