Охи груп

Охи груп

Нереализирана
Нецелосни податоци

Вредност на инвестиција

Најавени

нема податок

Инвестирани

нема податок

Вработувања

Најавени

400

вработени

нема податок

За време на турското роуд-шоу есента 2014 година тогашниот премиер Никола Груевски најави дека компанијата „Охи груп“ ќе овори фабрика за производство на лепенки за гуми во Битола и дека во новите погони ќе ангажираат 400 нови работници.

Како што пренесе владиниот сајт, дилот го потврдил и извршниот директор на „Охи груп“ Јуксел Ишбилир кој најави дека производството ќе стартува уште во октомври истата 2014 година.

„Мојата порака до останатите странски инвеститори е многу едноставна и јасна, најпрво треба веднаш да ја посетат Македонија и да го стекнат првиот впечаток и ако тие веруваат дека има можности за бизнис и поволни услови за извоз треба да дејствуваат многу брзо“, изјави Ишбилир. 

Тој посочи дека покрај првичните имаат и пошироки понатамошни планови за инвестирање во Македонија и проширување на бизнисот.

Две години подоцна нема официјална информација дека „Охи груп“ воопшто инвестирала во Македонија, а името на оваа компанија го нема во отчетот на владејачката партија меѓу успешните странски инвестиции.

Последно ажурирање: 04 април 2017 год.