Орланди

Орланди

Нереализирана

Вредност на инвестиција

Најавени

10.000.000 евра

Инвестирани

0 евра

Вработувања

Најавени

500

вработени

0

Италијанската компанија „Орланди“ во септември 2008 година потпиша Меморандум со македонската влада со кој се најави инвестиција во Бунарџик вредна 10 милиони евра во фабрика производство на приклучни уреди за камиони и земјоделски машини. Притоа, во фабриката требаше да се отворат од 120 до 150 нови работни места, а по проширувањето на производството со дополнителни линии и до 500 работни места.  Меѓутоа, осум години потоа, оваа инвестиција остана со статус ветена - нереализирана.

Меморандумот за инвестирање го потпишаа тогашниот премиер Никола Груевски и еден од сопствениците, Жанпјетро Машелини, во седиштето на компанијата во италијанскиот град Бреша.

Сопственикот на „Орланди“, Машелини истакна дека компанијата, која е една од трите водечки во светот во оваа дејност првпат ќе инвестира надвор од земјата.

Тој во таа прилика најави дека производството ќе стартува во почетокот на 2010 година и првенствено ќе биде наменето за извоз во Италија, а потоа и во Европа и во светот.

„Орланди“ произведува за ИВЕКО, „Мерцедес“, „Волво“, „Сканија“, МАН и за други крупни компании во индустријата за камиони, како и за најголемите компании во индустријата за земјоделски машини.

Според  изјавата на директорот на Дирекцијата на технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо за Утрински весник во 2012 година,  кризата е виновна што „Орланди“ се откажа од инвестирање во Македонија.

Последно ажурирање: 04 април 2017 год.