Р и С тишју калчр лаб.

МКД Витро ДООЕЛ Виница

Нереализирана

Вредност на инвестиција

Најавени

3.000.000 евра

Инвестирани

2.092 евра

Вработувања

Најавени

100

вработени

2

Најмалку 100 работни места ќе отвори новата браунфилд инвестиција од три милиони евра на холандската компанија „Р и С тишју калчр лабораторис“ (Р&S Tissue Culture Laboratories) во источниот регион на Кочани и на Виница. 

Ова пред две и пол години, во април 2014 го најави министерот за привлекување на странски инвестиции Бил Павлевски. Оваа странска компанија одгледува растенија во лабораториски услови.

Според претставниците на „Р и С тишју калчр лабораторис“, фабриката во Македонија требаше да почне со работа уште есента истата 2014 година, меѓутоа две години подоцна на терен нема никакви погони, додека министерот Павлевски во септември 2016 за БИРН изјави дека фирмата започнала со реализација на браунфилд инвестиција и дека проектот се реализира „согласно предвидената динамика“.

Од сајтот на „Р и С тишју калчр лабораторис“ може да се дознае дека зад оваа компанија  стои Македонка од Виница и нејзиниот сопруг од Холандија и дека тие работат во Јужна Африка.

Станува збор за Сашка и Жан Ролевелд кои во 2005 година го отвориле првиот погон, меѓутоа на нивниот сајт нема никаква информација дека воопшто инвестирале во Македонија.

Последно ажурирање: 04 април 2017 год.

Датум на најава

април 2014 год.

Државна помош

Местоположба

Земја на потекло

Инвестиции на истата локација

Преземете податоци