Компанијата „Рамбл“ од Канада според информациите од владејачката партија ВМРО – ДПМНЕ во изборната програма „Реално“, отворила свои претставништва во Скопје и Битола во 2014 година со 15 вработени. На нивната официјална страна на Фејсбук, пак, стои дека фирмата е отворена во ноември 2013.
„Планирано е да се прошират на 50 вработени кои ќе вршат лиценцирање и дистрибуција на електронски видеа за АОЛ, МСН и „Јаху“. „Рамбл“ планира во текот на 2017 година да вработи уште дополнителни нови 5 лица, а во 2018, 2019 и 2020 година по уште нови 10 лица секоја година одделно“, пишува во програмата на ВМРО – ДПМНЕ.
Меѓутоа, компанија со вакво име не може да се најде во базата на даночни обврзници на Управата за јавни приходи.
Како основач и извршен директор на оваа компанија се појавува Крис Павловски, кој што е основач и на „Космик Девелопмент“.
Последно ажурирање: 04 април 2017 год.