Холандската ИТ компанија „Симфони Солушнс“ отвори свое претставништво во Скопје во мај 2016 година, во која до крајот на 2017 година се планирани 200 вработувања. Првите 100 вработувања се предвидени во 2016 година.
Сопственикот на ИТ Симфони Солушнс, Тео Шифник, на отворањето рече дека неговата компанија има околу 3.000 вработени и тоа најмногу во Украина, а имаат канцеларии и во Полска.
Тој најави дека новите канцеларии во Скопје ќе бидат во близина на реката Вардар, кои ќе посетуваат на познатото Амстердам гранд кафе. Првично неговите планови биле својот бизнис да го прошири во Бугарија, но, како што посочи, по разговорите со македонскиот амбасадор во Украина, тој одлучил да ги разгледа условите за инвестирање и бизнис во Македонија.
„Многу бев изненаден од големиот број висококвалификувани студенти и искусни професионалци во ИТ-секторот. Македонија е се уште неизбрусен дијамант во однос на ИТ-секторот којшто е многу важен за инвестирање и за развој на една држава, а тоа ќе значи голем бум за Македонија“, рече Шифник.
На отворањето на новите канцеларии присуствуваа и министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлески, премиерот Емил Димитриев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Во Македонија, фирмата Симфони Солушнс е отворена во ноември 2015 година со основачки влог од 50 илјади евра.
Со оглед на тоа што почнала со работа во 2016 година, за 2015 година нетековните средства на фирмата и бројот на вработени лица изнесуваат нула. Во 2016 година, пак, бројот на вработени изнесува 32.
Последно ажурирање: 04 април 2017 год.