Стартек

Стартек Македонија ДООЕЛ Скопје

Нереализирана
Нецелосни податоци

Вредност на инвестиција

Најавени

нема податок

Инвестирани

177.604 евра

Вработувања

Најавени

нема податок

вработени

0

„Стартек“ е странски инвеститор за кој официјално постои само информација дека добил извесна државна помош, меѓутоа ниту еден јавен функцинер не му го спомнал името не најавил точно што ќе работи и каде ќе вложува, иако дел од медиумите инвеститорот го поврзаа со најавата на министерот за странски инвестииции Џери Наумоф, на една од отворените владини седници во декември 2014 година.

Наумоф тогаш рече дека во тек е финализирање на постапката со голема меѓународна фирма која работи во областа на аутсорсинг на бизнис процеси и која јавно котира на берзата во Њујорк.

Токму „Стартек“ е регистрирана како компанија со дејност за повикувачки центри.

„Оваа компанија ќе создаде околу 1.000 нови професионални работни места. Фирмата ќе вработува млади лица кои дипломирале и кои имаат одлични познавања од англискиот јазик“, изјави министерот Наумоф и додаде дека од компанијата се надеват дека со ангажирање и со обука на вработените ќе започнат до крајот на февруари 2015.

„Стартек“ на крајот од 2015 година немала вработени, а нетековните средства ѝ изнесувале нешто под 180.000 евра. Според регистарот на фирми на УЈП, оваа компанија во јануари 2016 е во постапка за бришење.

Договорот за државна помош го потпишал Џери Наумоф во име на Владата, а со него фирмата требала да добие грант, не се открива колкав, за одреден број креирани работни места, кој исто така државата не го соопшти. Инвестицискиот проект требало да трае најмалку пет години од достигнувањето на минималниот износ на инвестицијата, која, исто така, не се знае колку изнесувала.

Последно ажурирање: 04 април 2017 год.

Датум на најава

декември 2014 год.

Државна помош

Местоположба

Земја на потекло

Инвестиции на истата локација

Преземете податоци