Стиза

Прехрамбена индустрија Стиза ДООЕЛ Кравари Битола

Реализирана

Вредност на инвестиција

Најавени

3.000.000 евра

Инвестирани

483.400 евра

Вработувања

Најавени

100

вработени

17

„Стиза“ е компанија на македонски иселеник од Австралија којшто на почетокот на јануари 2016 година отвори фабрика за производство на чипс во село Кравари, битолско.

Според најавите на владејачката партија во својата последна изборна програма, инвестицијата е вредна 3 милиони евра и треба да отвори 100 нови работни места.

Сопственик на компанијата е Горданчо Мирчевски.

До крајот на 2015 година, во оваа компанија биле вработени 3 луѓе, а вкупната актива изнесува околу 540 илјади евра. Од нив, околу 472 илјади евра се нетековни средства.

Во 2016 година, нетековните средства на компанијата изнесуваат околу 483 илјади евра, а бројот на вработени се зголемува на 17 луѓе. 

Компанијата е основана во септември 2013 година со основачки влог од 5 илјади евра. Вкупните приходи во 2015 година изнесувале околу 7 илјади евра, а крајниот резултат е загуба од околу 51 илјади евра.

Летото во 2016 година во медиумите се појавија информации дека компанијата ќе престане со производство, меѓутоа, набрзо сопственикот Мирчевски ги демантираше овие информации.

„Фабриката не е пред затворање ниту пак некогаш некој планирал да ја затвори. Напротив, работењето на фабриката е во подем и имаме зголемена побарувачка и продажба“, реагираше Мирчевски.

Како причина за наводното затворање на фабриката се наведуваше недоволното снабдување со струја.

„Проблемите се минато и секојдневно побарувачката на нашите производи расте, а со тоа очекуваме и производството да расте и бројот на нововработени според најавениот план да се зголемува, а македонскиот чипс да патува до сите потенцијални пазари“, соопштија од „Стиза“.

Последно ажурирање: 23 јануари 2018 год.

Преземете податоци