Тривју и Хајер

Тривју и Хајер

Нереализирана

Вредност на инвестиција

Најавени

9.000.000 евра

Инвестирани

0 евра

Вработувања

Најавени

300

вработени

0

Еден од најголемите кинески производители на компјутери „Хајер“ заедно со јужнокорејската компанија за производство на монитори „Тривју“ во март 2009 година најавија изградба на фабрика за ЛЦД-монитори во зоната Бунарџик, инвестиција вредна девет милиони евра.

Во септември истата година е „одржана мала свеченост“ како замена на поставување на камен-темелникот на фабриката, бидејќи не биле потпишани сите документи. На свеченоста присуствуваа тогашните премиер и министер за информатика, Никола Груевски и Иво Ивановски и оттаму најавија дека во новата фабрика на почетокот ќе се вработат 100 лица, а подоцна и 300.

Покрај монитори, во погоните требаше да се произведуваат телевизори, а подоцна и компјутери

„Инвестицијата претставува одлична препорака за сите останати компании од Кина и Јужна Кореја кои како земји претставуваат едни од најголемите економски гиганти во светот“, рече Груевски и додаде дека уште поголемо задоволство е што инвестицијата се случува во време на глобална финансиска и економска криза.

Оваа фабрика требаше да биде третата инвестиција во Бунарџик по „Џонсон контрол“ и по „Џонсон мети“.

Во 2010 беше најавено дека инвестицијата доцни оти „Тривју“ го менува производството од ЛЦД во ЛЕД-телевизори, а наредната година компанијата од Јужна Кореја се повлече од заедничкиот проект, додека од „Хајер“ изјавија дека самостојно ќе го реализираат проектот, иако Владата го раскина првичниот договор.

Пет години подоцна нема никаква најава што се случува со инвестицијата, ниту е спомната во Отчетите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ од 2014 и од 2016 година.

БИРН се обрати до Владата за конечна потврда дека оваа инвестиција е пропадната и не е одложена, меѓутоа оттаму не добивме одговор на нашите прашања.

Последно ажурирање: 04 април 2017 год.