Уан контакт

Оне контакт ДООЕЛ Скопје

Во тек
Нецелосни податоци

Вредност на инвестиција

Најавени

нема податок

Инвестирани

нема податок

Вработувања

Најавени

200

вработени

22

Канадската компанија „Уан контакт“ (One Contact) во септември 2016 година отвори кол-центар во којшто, според најавите на инвеститорот и на Владата, ќе работат повеќе од 200 лица.

Од Македонија компанијата ќе обезбедува услуги на англиски и на француски јазик за клиенти во северна Америка.

„Во моментов вработени се 25 лица, а до крајот на годината нивниот број треба да изнесува 50. Во иднина планираме над 200 вработени“, изјави директорот на компанијата Асиф Чаудари од Торонто, кој се јавува и како основач и како единствен сопственик на скопската „Уан контакт“.

Тој на отворањето информираше дека во моментов „Уан контакт“ процесира половина милион повици преку нивниот систем, а се надева дека овој број ќе достигне милион во 2017 година. Вработуваат лица кои го зборуваат течно англискиот или францускиот јазик, а на интернет може да се најдат нивните огласи за вработување во Македонија.

Кон крајот на 2016 година, оваа компанија имала 22 вработени. 

„Повеќето од вработените ќе бидат на возраст до 30 години“, потенцираше првиот човек на Дирекцијата за технолошко индустриски зони, Виктор Мизо на отворањето на центарот, каде присутен беше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Македонската „Уан контакт“ е формирана во март 2016 и со оглед на тоа што е нова компанијата, нема официјален податок за висината на нејзините нетековни средства. До сега нема официјална бројка колку пари ќе вложи канадската компанија во главниот град.

Нема ниту информација дека овој странски инвеститорот добил каква било државна помош.

Последно ажурирање: 04 април 2017 год.