Веибо Груп

Веибо Груп Констракшн ДООЕЛ Крива Паланка

Нереализирана

Вредност на инвестиција

Најавени

315.622.000 евра

Инвестирани

3.393.008 евра

Вработувања

Најавени

5.000

вработени

0

Турската инвестиција на „Веибо АД Меѓународна инвестициска компанија за текстил“прв пат беше најавена во април 2014, само неколку дена пред парламентарните избори истата година, со план за изградба на најголемиот интегриран текстилен центар во Европа во индустриската зона Ранковце близу Крива Паланка.

Оваа турска компанија во Македонија требаше да произведува кошули, костуми, палта, јакни, панталони, а производството да се пласира на пазарите во САД, Велика Британија, Франција, Германија, Русија, Италија, Шпанија, Кина, Јужна Кореја и во Јапонија.

Инвестицијата првично беше најавена дека ќе биде 180 милиони долари, а во рок од пет години да се искачи на 400 милиони долари и да отвори 5 илјади работни места.

Поранешниот премиер Никола Груевски кога ја најавуваше инвестицијата информираше и дека е можно „Веибо“ да инвестира и во уште две фабрики од областа на челичната индустрија.

Во ноември 2015 година, „Веибо“ излезе со соопштение дека инвестицијата ја става во мирување.

„Во моментов овој проект е во мирување. Токму неможноста за наоѓање соодветна работна сила за реализација на големите производни таргети за потребите на постојната фабрика во Крива Паланка, е главната причина зошто инвестицијата во Ранковце е засега во застој“, пишуваше во соопштението на „Веибо“.

Медиумите тогаш објавија дека турската компанија побарала дозвола од македонските власти да донесе работници од странство, сосе нивните семејства, и да им изгради околу 1.000 куќи, наводно нашле соодветна работна сила во Турција, Египет и во Бугарија, но македонската Влада не го прифатила предлогот.

За застојот на инвестицијата реагираше опозициската СДСМ.

„Последните информации говорат дека 'Веибо груп' најавила дека инвестицијата сепак ќе ја реализира, ама во Врање, соседна Србија. Ова не е прва компанија којашто решила својот капитал да не го инвестира во Македонија. И данската 'Грудхост' на крај се одлучи својата инвестиција да ја реализира во Србија“, стоеше во соопштението на СДСМ.

Меѓутоа, нетековните средства на двете фирми на „Веибо“ во Македонија, „Веибо груп констракшн“ и „Веибо Груп Маседонија“ во 2015 година изнесуваат вкупно околи 3,4 милиони евра. 

Бројот на вработени во овие фирми пак во 2015 година изнесува 25 луѓе. 

НоваТВ објави истражувачка сторија со која ја поврза инвестицијата на „Веибо“ со бизнисите на Орце Камчев.

Неколку месеци по најавата на турската инвестиција, во октомври 2014 „Веибо“ ја презема постојната текстилна фабрика на бизнисменот Орце Камчев („Орка“), која се наоѓа надвор од индустриската зона близу Крива Паланка.

Фабриката што „Веибо“ ја купи од „Орка“ планирано беше да стане центар за обука на работниците што требаше да бидат ангажирани во новите погони  и за тие потреби „Веибо“ ги проширила и ги доградила погоните на старата фабрика, инвестиција за која од турската компанија велат дека изнесува 10 милиони евра.

Како што објави НоваТВ „Веибо груп“ во Скопје е регистирана на истата адреса на која се наоѓа и адвокатската канцеларија „Апостолски“. Седиштето, пак, им се наоѓаше во центарот на градот, кај Соборниот храм, меѓутоа од зградата веќе се тргнати големите натписи со името на компанијата.

Последно ажурирање: 04 април 2017 год.

Датум на најава

април 2014 год.

Државна помош

Земја на потекло

Преземете податоци